За нас / About Us
Наша Мисија / Our Mission
JuMi е приказна што од една страна ги спојува корисниците на здрава храна, а од друга страна е водилка на сите кои сакаат да го подобрат своето здравје преку храната што ја внесуваат. Следејќи ги светските трендови и динамичниот животен стил, креиравме бренд што ќе овозможи квалитетна, балансирана храна подготвена на брз и здрав начин, а истовремено ќе овозможи пријатен амбиент за сите љубители на кафе и природно свежо цедени сокови да уживаат во ново урбано место, да ги земат со себе или да се испорачат до посакуваното место.
Во JuMi нудиме уникатно искуство за брза храна коja истовремено е вкусна и здрава. Нашето мени е инспирирано од глобални и локални вкусови и користиме секогаш свежи намирници за да ги создадеме нашите оброци.
Што нудиме во JuMi ?
Здрави и вкусни балансирани оброци за било кој оброк во текот на денот. Од свежи салати, ладни или топли сендвичи, брускети, десерти и природно свежо цедени сокови. Сето ова надополнето со одлично еспресо кафе на италијанскиот бренд Illy.
Во нашето мени на располагање имаме доста вегански и вегетаријански оброци. Секогаш приготвени со многу љубов, нашите оброци се едноставни, вкусни, брзо се припремаат и се погодни за јадење дури и додека сте во движење.
Основени сме во 2021 година и веќе познати по грижата за квалитетот и услугата, бидејќи секој наш клиент го третираме како член на семејството JuMi.
Мисија на JuMi e да ја направиме здравата исхрана достапна за секого. А тоа вклучува наоѓање состојки кои се здрави и одржливи, со помала обработка за зачувување на сите витамни и минерали, пакувани во соодветни, квалитетни ЕКО амбалажи со цел, оброците да останат вкусни, свежи и зачувани до Вашиот дом или работно место.
Не ни верувате?
Пробајте и дознајте сами. Ве очекуваме.