top of page
Writer's pictureJuMi

ПОСТЕЊЕ


ПОСТЕЊЕ е период на духовно и телесно прочистување, во којшто ги подготвуваме умот, душата и телото за претстојниот празник, во зависност од традицијата кај некои религии и култури.

Но, ние ќе се задржиме на телесните и здравствените придобивки од постењето.


Здраво или не ?


Уште кон крајот на 19 век, експертите откриеле дека постот е состојба кога организмот бил принуден да функционира користејќи ги своите резерви.

Кога не јадете, телото започнува да ги троши внатрешните резерви, при што најмалку зема од нервното ткиво, срцето и другите органи – организмот го користи првенствено заболеното ткиво – тумори, цисти, израстоци и слично.

Многумина го нарекуваат и „внатрешна операција без нож“, при што природата е многу посуптилна од кој било хирург – го зачувува она што е здраво, додека го елиминира она што е болно, не му припаѓа и треба да го исфрли од телото.


Зошто ни е потребен пост?

.

Преку постот,целиот организам, сите органи и клетки се чистат од штетните материи. Не се троши енергија за варење на тешка храна, туку на елиминирање на штетните материи од организмот. Тоа значи дека нашите органи за варење ги праќаме на т.н „годишен одмор“. Со тоа поттикнува и еден процес наречен ДЕТОКСИКАЦИЈА.


Грешки за време на пост..


Многу често луѓето во постот грешат кога посната храна ја сведуваат на бели лебови и пецива, шеќер, слатки, грицки, премногу газирани сокови, мармелади, растителен кашкавал и сирења, а тие содржат маснотии – трансмасти што не се препорачуваат за конзумирање на подолг рок.


Правилна исхрана за време на пост?


Балансирање на оброците, умереност во порциите и разновидност на намирниците се правилник за здрава исхрана за време на постот за позитивен здравствен ефект. Исхрана треба да биде нутритивно богата со тоа што ќе се внесат потребните хранливи и градбени материи за организмот, а нашето тело нема да има недостиг на протеини во исхраната.

Секојдневно треба да внесуваме умерени количини на правилно искомбинирана храна, свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, мешункасти плодови, јаткасти плодови и семиња.


Мудра изрека вели: „Во здраво тело, здрав дух“.


Бог да прости, лесни пости!


Сподели со пријател/ка кој/а пости.

43 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page