top of page
Writer's pictureJuMi

КИНОА


16 ти јануари е денот кога повеќето земји во светот го слават постоењето на оваа суперхрана којашто заслужува да добие почесно место во Вашите оброци.

Потекнува од цветна билка киноа, што припаѓа на родот Chenopodium и се одгледувала уште пред околу 5000 години и е домородна за регионот на Андите во Јужна Америка.

Инките ја нарекувале „Мајка на сите зрна“ и верувале дека е света.


Порастот на побарувачката го зголемило производството надвор од Јужна Америка во повеќе од 70 земји, особено во Кина, Франција и Индија! Во последно време и кај нас во Македонија станува се повеќе популарна.


Постојат над 150 видови киноа, а најзастапени се белата, црната и црвената киноа.

За најразлични цели се користат сите компоненти на оваа билка –листовите, цветовите, коренот, но најмногу се користи нејзиното исклучително нутритивно семе.


Луѓето кои го избегнуваат месото имаат потреба да најдат добри и квалитетни протеински извори, во намерата да ги задоволат секојдневните потреби на телото од овој многу значаен макронутриент. Киноа семето е одличен избор за овие луѓе. Во само еден чаша оброк со киноа, се содржат околу 10g протеини и тоа протеини со одличен квалитет. Ваквиот квалитет го даваат сите 9 есенцијални аминокиселини кои се присутни во киноата.


Една чаша киноа обезбедува 2,76 mg железо, односно обезбедува 34,5% од препорачаниот дневен внес за мажи и 15,33% за жени.

Како потсетување, железото е неопходно за низа процеси во човечкото тело. Тоа е, на пример, суштински дел од соединението наречено хемоглобин. Ова соединение е главен носач на кислород во крвта, поддржувајќи ја енергијата и клеточната функција низ целото тело.


Една чаша (185 грама) обезбедува околу 30% од потребниот дневен внес на магнезиум.


Дури и научниците од НАСА ја гледале како потенцијална, соодветна култура којашто може да се одгледува во надворешниот простор, најмногу заснована на неговата висока содржина на хранливи материи, леснотијата на приготвување и едноставноста на нејзиното одгледување.


Сте ја пробале нашата ТОФУ КИНОА САЛАТА?


Сподели со веган пријател на кој му е потребен доволен дневен внес на протеини.



16 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page