Авокадо 🥑🥑🥑
растение кое релативно неодамна стана многу популарно во Европа, бидејќи пред 50 години речиси никој овде не знаеше ништо за ова овошје и било популарно само во Северна и Јужна Америка.
Научниците ширум светот долго време се расправаат околу тоа дали авокадото навистина е овошје или зеленчук.
Авокадото е уникатнo и многу здрав производ, содржи огромна концентрација на полинезаситени масти што се иклучително корисни, особено за жените. Овие масти ја одржуваат кожата во совршена состојба, ја зајакнуваат косата, ноктите и го обезбедуваат потребното ниво на влажност во целото тело.
Полинезаситените масни киселини ги чистат крвните садови од акумулацијата на штетниот холестерол, ги прават нивните ѕидови силни и еластични и помагаат во стабилизирање на крвниот притисок. Како резултат на тоа, се намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни и онколошки заболувања, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар, атеросклероза.
Исто така е од голема корист за телото на трудниците, бидејќи содржи висока концентрација на фолна киселина, која го поддржува правилниот и целосен развој
на ембрионот во матката.
Високо хранливите материи и минерали во авокадото го зајакнуваат нервниот систем на децата.
Авокадото е висококалорично и хранливо.
На 100 грама содржи околу 160 kcal.
И покрај очигледните здравствени придобивки на авокадото, не треба премногу да претеруваме со висококалоричното овошје затоа што може да предизвика и вишок килограми.
Авокадото може да се јаде свежо, на парчиња, коцки или пасирано, да се додаде во салати, месо, јадења од риба, сендвичи, брускети, разни десерти или смуди.
Каде сè ние го користиме ова тропско овошје, кое уште се нарекува и „алигаторска круша“ поради грубата текстура и обликот и има навистина многу корисни својства:
🥑 Брускета Авокадо
🥑 Чикен АвоКрема сендвич
🥑 Веган Chickpie сендвич
🥑 Hi Pro Салата
🥑 Green Power Smoothie
Comments